Покачениот ЦРП (ц-реактивен протеин) е лабораториски индикатор кој го покажува степенот на воспаление во организмот.

Обично вирусните инфекции не даваат пораст на CRP, туку е резултат на бактериска инфекција или воспаление на крвните садови. Токму поради овие две причини CRP расте во вториот дел од болеста, т.е. ако настанат компликации од болеста.

Најчесто покаченото CRP кај Ковид е резултат на воспаление на крвните садови и затоа не треба да се третира со антибиотици, туку со против воспалителни лекови ( NSAIL и кортикостероиди).

За да се установи дали се работи за евентуална секундарна бактериска инфекција покрај CRP, треба да се земе и IL,-6 ( интерлеукин) кој е маркер специфичен за бактериски инфекции и само тогаш има оправдание за антибиотска терапија.
Некомплициран Ковид-19 поминува со мирен или умерено покачен ЦРП маркер.