Матичниот лекар Ненад Лазаров во интервју за ТВ Алфа смета дека мора да има нови мерки и даде неповолни прогнози ако истите не се донесат.

“Во април не очекува уште поголем наплив и доколку веднаш не преземеме драстични мерки ние треба да очекуваме можеби и уште наредна недела 1500 – 1600 нови случаи на ден.

И таа бројка се очекува да расте и понатака..и од тука произлегува дека и бројот на хоспитализирани ќе расте. Огромен е и напливот на пацинети со лесни или евентуално средно-тешки симптоми ние на примарно ниво се трудиме да ги менаџираме.

Навистина ова е неиздрживо како физички така и психички.” – вели д-р Ненад Лазаров.

“Луѓе поминуваат и по неколку денови по ковид центрите, сами си бараат кревети оти никаде нема кревет слободен.А излегуваат на пресови надлежните и кажуваат бројки што се нереални каде се тие кревети? Имаме секојдневно случаи каде што имаме потреба од хоспитализација а пацинетите чекаат.” – изјави Лазаров.

“Ние од самиот старт на панд емијата касниме со мерките. Тие се веќе застарени во моментот кога ги донесуваат зошто го тврдам тоа – затоа што образложенијата се дека се чекаат бројките, тоа не превенција кога чекаш да видиш дали имаш зголемување.

Полицискиот час е нонсенс од повеќе причини, главната е што никој не го чувствува тој полициски час. Треба поагр есивни мерки.” – кажа докторот.