Мора да се каже вистината, кога е реална си сликата и реален е проблемот, кога гледаме на телевизија дека има 200 слободни легла значи нема проблем, но не е така, вели за Анализа на ТВ 24, д-р Миралем Јукиќ од Итната медицинска помош.




Тој истакна дека на вести гледаме дека има слободни кревети но во пракса не е така и тие мака мачат да најдат слободно место по сите клиники за пациентот, а воедно и стравуваат и од тужби.




Ние на вести гледаме дека има слободни легла, во пракса, мене ми е многу песимистичка сликата. Се случува, да имаме повик за пациент и тешко е да се најде слободно место. Кога носиме пациент во „Осми септември“ има десет луѓе кои чекаат, не значи дека тој ние што го носиме е најтежок, приоритет имаат со најтешка слика. Кога нема слободно место на пациентите им кажуваме дека нема слободно место, но ги носиме за да не не тужат. Многу лесно на телевизија има слободни места, но во пракса нема, вели Јукиќ




Тој додава дека капацитетите се далеку од задоволителни, односно дури и во услови кога не е пандемија Скопје треба да има 15 возила, а сега во услови на пандемија има само 5 до 7 во смена.




– Ако градот Скопје во услови кога не е пандемијата треба да сме 15 возила ние во последниве години сме од 5 до 7 возила во смена, од кои 7 е најоптимистички. Со толку возило е невозможно помал град да се опслужи како што треба ни кога не е пандемија. 80 проценти од повиците се поврзани со корона. Имаме 4 телефони и 2 диспеџери кои е многу тешко да одговорат на сите повици. Ресурсите се тие, потенцира Јукиќ
