Во центарот на Белград е забележена немила сцена.

Зарем може некој толку добро да глуми и манипулира?

Зарем тоа е човечки?

Припадниците на Интервентната единица покрај прометна сообраќајница сопреле момче кое просело, а на прв поглед делувало дека е без нога и бара пари од возачите на автомобилите кои се движеле на раскрсницата, додека бил во инвалидска количка.

Меѓутоа, брзо откриле дека во прашање е “професионалец” кој само им прави финти.

-Стани и исправи ја ногавицата – му рекол полицаецот.

Момчето, кое тврдело дека е од Панчево, прво глумел дека не може да стане, но припадниците на полицијата повторно ја повториле наредбата.

-Ајде сега стани – рекол полицаецот.

Момчето потоа од тајна преграда во количката ја извлече ногата.

Полицајците на крај му наредиле да ги соблече валканите и искинати панталони кои ги облекол преку своите, а од задниот џеб му испадна и голем новчаник.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи: