Низ земјава денеска ќе има по малку се и сонце и облаци и магла, а температурата во најтоплиот дел од денот ќе биде до 9 степени.




Утрово по котлините, низините и речните долини од земјава ќе биде магливо. Малку подоцна во текот на денот не очекува умерено до целосно облачно време, само пред пладне на места со сончеви периоди.




Денеска и во Скопје повремено ќе има сончеви периоди, но ќе дува умерен југозападен ветер. Минималната утринска температура е измерена околу нулата, а максималната дневна се очекува до 8 степени.




Метеорологот откри што ќе ни донесат наредните денови, каква ќе биде температурата до крајот на неделата, но и она што е најважно, кога може да очекуваме снег.




– Останува мрачно, облачно. Во пониските предели ќе има слаб дожд, на планините снег. Температурата ќе биде од 4 до 10 степени, а до четврток поради пороен дожд ќе биде уште постудено.
Кога станува збор за првиот снег во урбаните средини, вели дека ќе треба да почекаме:




– Ќе чекаме уште малку снег, без него ќе го завршиме ноември. Според моменталната состојба, првите врнежи од снег во градовите може да ги очекуваме на 7 или 8 декември – заклучи Ѓуриќ.
