Издржете барем седум дена да не пиете газирани пијалоци и веќе ќе ги почувствувате промените на подобро, а за неколку месеци вашето тело целосно ќе се освежи, велат експертите.




Газираните сокови имаат силен мирис, а меурчињата ја нагризуваат усната шуплина.
Затоа сетилата во усната шуплина стануваат послаби. Откако ќе престанете да пиете газирани пијалоци, особено со оброците, ќе забележите како вашата храна станува повкусна и ќе се чувствувате покисело, зачинето, слатко…




Освен тоа, ќе бидете и порасположени бидејќи верувале или не, бројните вештачки состојки и адитиви во газираните слатки сокови го забавуваат варењето, ја оптоваруваат работата на органите, а тоа најчесто е придружено со нервоза, главоболки и раздразливост.




Бубрезите ќе почнат да работат подобро, а нивната улога е да го чистат телото од токсини, очекувајте крвниот притисок да се стабилизира.




Познато е дека поради големото количество шеќер, ваквите пијалоци влијаат и на тежината. Без разлика на етикетите на кои пишува диета или нискокалорична, има многу повеќе калории во шишињата и лименките.




Големото истражување спроведено во неколку европски земји со илјадници испитаници кои секојдневно консумирале газирани сокови, покажало дека оваа навика е тесно поврзана со дебелината и најчесто е одговорна за формирање на петелки околу половината и стомакот, но и за појавата на триглицериди, кои може да доведе до срцеви заболувања и дијабетес.
