Една ноќ заборавив да ја заклучам вратата од станот и отидов да спијам. Бидејќи живеам сам, на девојката и дадов клуч за да може да влезе кога сака, а во сон слушнав како се отвора вратата и знаев дека е таа.

Во еден момент се отвора вратата од собата во која спијам и чувствувам раце како пипкаат по креветот и за малку ќе се онесвестам кога ќе слушнам груб, машки глас кој вика „Премести се“.

Скокнав од кревет како попарен и од страв не можев да го запалам светлото. Кога конечно го најдов прекинувачот, што да видам, соседот од горниот кат, мртов пијан, по грешка влегол во мојот стан.

Од таа вечер, проверувам три пати пред да си легнам“.