Фотографијата на која се гледа како изгледале Меси и Антонела пред 20 години го обиколи светот.

Откако Аргентина ја совлада Франција и го освои првото место на Мундијалот, славниот фудбалер Лионел Меси го оствари својот сон и го збогати својот арсенал титули со уште една – која му недостигаше.

Голема поддршка доби сопругата Антонела со која има неверојатна љубовна приказна. Двајцата се запознале како деца, а Антонела на својот Инстаграм сподели интересен спомен.

Имено, станува збор за фотографија на Меси и Антонела, која е направена пред 20 години, кога ја започнале својата љубовна приказна.

Сликата јасно покажува колку славната двојка се променила низ годините, но една работа останала иста. Нивната светла насмевка и љубов која не можат да ја сокријат и која се чувствува дури и преку фотографии.

Антонела и Меси се еден од ретките парови кои успеале да ја спасат својата љубов давајќи им отпор на скандалите и искушенијата, пишува Стил.