Снимката некои Мексиканци ја пренесоа како доста сериозна вест




Дури 42 милиони прегледи собра видеото кое се појави на TikTok пред нешто повеќе од еден месец, а во меѓувреме доби две продолженија, според кои една млада дама решила да биде толку смела што ги понудила гаќите под маса на лик кој седел спроти неа и нејзиното момче.




Интересно е што снимката некои Мексиканци ја пренесоа како доста сериозна вест, но начинот на кој е снимена на самиот старт беше сомнителен. Накратко, се чинеше невозможно никој од „јунаците на приказната“ да не забележи дека се снимаат толку долго, а „виновниците“ беа идентификувани на Фејсбук.




Истите актери во сосема поинакво сценарио се појавија на страницата на мексиканскиот инфлуенсер на TikTok потпишан како Луисита Тајм, момче кое долго време снима вирални видеа користејќи актери за да го привлече вниманието кон себе и да заработи малку пари.




Инаку, многумина во коментарите го прифатија како нешто автентично, но еден разговор беше особено интересен.




– Дали е ова лажно? Одбивам да верувам дека вакво нешто се случува во реалниот живот – напишала младата дама и го добила следниот одговор:




– Ако е, ако се тоа само актери во спотот, такви ситуации се случуваат и во реалниот живот. Нешто многу слично ми се случи, но никогаш не би дозволила ваква гадост на пријателка – ѝ рекол еден корисник на TikTok.




КОЈ Е ВАШИОТ КОМЕНТАР? ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА!
