Тој дел што ќе остане од ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се одземат гласовите кои ќе завршат на контото на Левица, ќе се дели на два дела, едни кои сакаат континуитет со груевизмот, другите кои сакаат дисконтинуитет со груевизмот. Едната ќе гледа кон Москва, Белград, другата кон западна Европа и кон онаа политика на Џо Бајден која доаѓа на главна сцена во американската политика.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се подели на два дела. Според Васко Ефтов СДСМ односно Заев ќе сака да елиминира одредени политички ликови односно со крилото на Бранко Црвенковски.

Никола Тодоров на судско роичиште ја пушти болвата. 2017 година настаните на 27 април ја спречиле широката Влада на Република Македонија. Сите од СДСМ се дистанцираа од таа идеја. За таа идеја не е разговарано со нив, туку со меѓународниот фактор за решение на политичката криза во државата. Многу несмасно Заев ја отфрли таа идеја, а таа идеја ќе стане многу релевантна во наредниот период.

Една структура на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да бидат во неформална коалиција, без турбуленции. Ако Тодоров вели дека биле на чекор до широка Влада и настаните од 27 април го спречиле тој проект, а Заев вели дека не преговарал за таа Влада, тоа значи дека тој игра на картата на Христијан Мицкоски. Тој го пушта Тодоров низ вода, ја пушта Мериот коалицијата низ вода и игра на картата на Христијан Мицкоски бидејќи него може да го контролира преку Орце Камчев, вели Васко ЕФтов.

Се додека ги потценувате големите играчи како Русија, Америка, Велика Британија ќе ни се случуваат каранболи во Македонија. Тие луѓе не гледаат од високо, ни прават рендген снимка, а ние се правиме Тито, можеме да ги зафркнеме сите, а тоа нема да може да се случи ниту пак ќе се случи во наредниот период. Тие што мислат дека ќе си играат со овие играчи, нема да јаде гулаш во Будимпешта, туку ќе јаде руска салата во Русија.