Таа инсистира на планетарно поврзување на научната мисла со цел да се превенира слична пандемија како оваа .

Жената лилјак како што ја нарекуваат, вирологот Ши Женгли од Институтот за вирологија во Вухан, која 15 години работи на истражување на корона вирусот и е заслужна за изолирање на неговиот геном Ковид 19, во интервју кое го пренесува британски Гардијан, апелира политиката да ги тргне настрана рацете од науката, ако се сака да се има повеќе резултати на полето на истражувањето на сеуште неистражените вируси каков што е Ковид 19, но и останати за кои се верува дека можат да се пренесат на човекот.

Доколку сакаме да ги заштитиме луѓето, мораме да ги научиме вирусите кај дивите животни, вели таа.

Прашање: Како мислите дека проектите беа запрени?

Одговор: Мислам дека сега науката е тесно поврзана со политиката, што ја прави науката политизирана. Тоа е жално. Јас верувам дека научниците од целиот свет не сакаат да го гледаат ова. Како што спомнав претходно, истражувањата за инфективните болести мора да бидат отворени и транспарентни. Интернационалната соработка може да ни донесе добра техничка подршка за овие инфективни болести која ќе служи на човештвото. Затоа ни е многу жал, вели Женгли.

Прашање : Кои се вашите следни чекори?

Одговор : Наредно, ќе продолжам со работата од претходно како истражување на непознати патогени микроорганизми. Ние знаеме дека всушност има повеќе типови на лилјаци низ целиот свет како и диви животни. Непознатите вируси кои ги откривме се само почеток.

Доколку сакаме да ги заштитиме луѓето од вируси и да избегнеме второ избивање на зараза на нови инфективни болести мораме да ги научиме вирусите кои ги содржат дивите животни во природата и да дадеме рано предупредување.

Ние исто така мораме да складираме медикаменти и реагенти за детекција,превенција и третман за понатамошна контрола и превенција, вели Женгли