Посебно внимание треба да се посвети на долната облека. Материјалите од природно потекло и редовното менување алишта можат само да придонесат за зачувување на здравјето.




Нередовното пресоблекување може да предизвика разни проблеми кои можат да имаат сериозни здравствени последици. Исклучоци се екстремни ситуации кога тоа е неостварливо поради одредени околности.
Ова се проблеми кои можат да настанат доколку не ги менувате алиштата редовно.




Инфекции
Доколку имате отворена рана или расекотина во близина на вагината и носите иста облека два дена, може да дојде до инфекција која може да се прошири.




Миризбата
Поради прекумерно потење, мирисот може да се промени. На алиштата може да се најдат бактерии кои не ги менувате редовно, што дополнително ќе го промени мирисот.




Габични инфекции
Соодветна подлога за габи и бактерии е секако влажната средина, создадена како резултат на потење. Ако одите во теретана, задолжително пресоблечете се, бидејќи таму дополнително се потите.




Ешерихија коли
Главен виновник за пренесувањето на ешерихија коли се танга гаќичките, особено кога постојано ги носите. никогаш не треба да го правите тоа, иако тие ви изгледаат чисти. Тангата лесно се лизга помеѓу анусот и вагината и лесно може да дојде до пренос.




Акни
Доколку ви се појават акни на тоа место, бидете сигурни дека тоа е од насобирање на пот и масло, поради тоа што не се менувате секојдневно. Вагината реагира како лицето, кожата е чувствителна и поради лошата хигиена се јавуваат проблеми.




Осип
Чешање, црвенило и осип може да се појават околу вагината или на препоните, особено кога станува збор за чувствителна кожа.




Алиштата треба редовно да се менуваат, особено после туширање. Колку пати на ден, зависи од околностите и од вас самите. Во секој случај, неприфатливо е во секоја смисла да не се пресоблекувате со денови.
