Сите мислеле дека станува збор за некаква скриена камера Не му се допаднала тетоважата и одбил да ја плати сумата која му била скапа Сопственикот и неговиот син успеале да го стигнат и решиле да го „казнат“

Во Виетнам, овие денови температурата на воздухот е под 10 степени Целзиусови, па затоа не е многу соодветно да се излезе надвор оскудно облечен или гол.

Но, овој човек на сликата е само во долна облека. Врзан односно „залепен“ на дрво. Или со други зборови тој е строго казнет.

Кога видел како изгледа неговата рака, која штотуку ја истетовирал, одбил скапо да плати за услугата.

Тој демонстративно ја напуштил продавницата, но сопственикот и неговиот син побрзале по клиентот и го казниле. Прво го врзале, па го соблекле, па тој останал во долна облека, а на крајот го казниле со лепење за дрво.

„Мразам да плаќам за тетоважи“, стоело на парче хартија залепено на него, па минувачите би знаеле за што станува збор.

Никој на почетокот не реагирал на оваа бизарна сцена бидејќи сите мислеле дека станува збор за некаква скриена камера. Само малку подоцна, била повикана полиција и „недоразбирањето“ било решено.