Поздравени се заложбите на Владата за подобрувањето на квалитетот на живот на сите граѓани во државата и отвореноста за соработка и поддршка на планските региони и на локалната самоуправа.

На состанокот со членовите Пелагонискиот плански регион се согласивме дека инфраструктурниот развој носи и економски развој и развој на туризмот.

Наша цел е подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и во градовите и во селата и отпочнати се сериозни проекти во делот на патната инфраструктура, водоводите и канализациите, затоплувањето, зелената енергија, гасификацијата, за коишто има обезбедно и инвеститори и средства од државата.