Алжирец кој освоил 250.000 евра на лотарија во Белгија, не може да подигне пари поради неговиот нелегален престој.

Наградата е преголема за да се плати во готово, а мажот ги нема документите потребни за да отвори сметка во банка.

Неговиот пријател кој се обидел да ги земе парите бил накратко уапсен поради сомнение за кражба, а добитниот тикет сега се наоѓа во судот во Бриж, недалеку од местото каде што е купено, јави Би-Би-Си.

Победникот вели дека сака да ги искористи парите за да изгради живот во Белгија. „Кога ќе ги добијам парите, ќе купам стан во Брисел.

Можеби автомобил “, изјави за локалниот дневен весник човек чиј идентитет не е откриен. 28-годишниот маж нема валидни лични

документи или постојано сместување.

Неговиот адвокат Александар Верстрете рече дека лотариската компанија не можела да му ја исплати добивката бидејќи не можел да отвори банкарска сметка.

„Проверуваме документи кои можат да го докажат неговиот идентитет. Ќе мора да стапи во контакт со семејството во Алжир“, изјави адвокатот.

Портпаролот на лотаријата не прецизираше за агенцијата АФП кои документи се потребни за тој да ја преземе наградата. Адвокатот рече дека властите ветиле дека нема да го депортираат човекот додека не ги добие парите.

Победникот пред четири месеци го напушти Алжир и со брод пристигна во Шпанија. Од брегот пеш тргнал кон Франција, а потоа преминал во Белгија. (Index.hr)