Кога имунолошкиот систем е максимално зајакнат, телото тешко може да биде подложно на вируси, но и на посериозни болести.




Особено треба да внимавате за време на студената сезона и за време на променливото време, кое го користи овој чувствителен момент за да го ослаби природниот одбранбен механизам на вашето тело. Доколку сепак сте настинати, првиот совет на секој лекар е да се одморите и добро да спиете, како и да пиете многу течности, а се уште не постои универзален лек за настинка кој би им помогнал на сите.




Постои и стара добра терапија со домашна супа и чаеви, која го зајакнува телото и помага за заздравување. Сепак, постои уште еден трик за кој можеби не сте слушнале досега. Можеби звучи лудо, но Германците го користат долги години и тврдат дека многу помага.




Овој метод ја подобрува циркулацијата, ја елиминира несоницата, но и подобро од илјада таблети ги лекува симптомите на грип и настинка! Исто така, овој метод на лекување ја смирува треската, бидејќи всушност го загрева телото. Суштината на овој германски метод е добрата циркулација – колку е поголем протокот на крв, толку се помали шансите да се разболите.




Сè што треба да направите е да ги загреете стапалата во топла вода пред спиење, а потоа да натопите пар тенки памучни чорапи во ладна вода. Исцедете го вишокот вода од чорапите, облечете ги и веднаш легнете.




Носете волнени чорапи над мокри и спијте мирно. Наутро ќе забележите дека мокрите чорапи сега се суви и дека се чувствувате многу подобро, како и дека спиевте подобро и помирно од вообичаено.




Овај метод го користат во Германија и служи за ваше информирање.
