Се работи за моделот HP EliteBook 735 G6 Notebook PC, а според набавката, еден лаптоп чини 56 445 денари или 917 евра, без вклучен ДДВ
Со потпис на спикерот Талат Џафери, Собранието на Република Северна Македонија склучи договор за набавка на сто преносни компјутери. Се работи за моделот HP EliteBook 735 G6 Notebook PC, а според набавката, еден лаптоп чини 56 445 денари или 917 евра, без вклучен ДДВ.
Договорот е склучен со ИТ-компанијата „Неоком“. Таа е должна во рок од 60 дена да ги испорача лаптопите, кои треба веднаш да бидат приспособени за работа и на секој од нив на декстопот да има документ со упатство за користење.
Стоте компјутери Собранието ги добива во период на корона-криза, кога власта и опозицијата се натегаат околу тоа дали парламентот треба да работи онлајн, откако тројца пратеници есенва беа позитивни на ковид-19.
