Најтешка тема се неточните обвинувања што се слушаат подолго време дека им го негираме правото на самоопределување на Македонците.

Софија не го негира јазикот и идентитетот на Македонците, обратно е тие ги негираат правата на Бугарите, ги блокираат развојот на коридорот 8 и бугарските инвестиции, ја политизираат работата на мешовитата историска комисија и го слават , како што се наведува, ,,мрачниот“ диктатор Тито.

Изјавила бугарската шефица на дипломатијата Захариева во интервју за германскиот ,,Велт“. Како проблематично Захариева го навела и тоа што меѓу двете земји немало развиена инфраструктура а на прашањето дали Бугарија опстојува на ставот дека македонскиот јазик не е самостоен јазик туку дијалект на бугарскиот, Захариева го дала следниот одговор.

-Најтешка тема се неточните обвинувања што се слушаат подолго време дека им го негираме правото на самоопределување на Македонците. Или правото да го нарекуваат нивниот јазик како што сакаат. Но, земјите не признаваат јазици или нации, туку само други држави. Ваквите обвинувања од Скопје се обид да се портретира Бугарија како земја која останала во не знам кој век“,изјавила Екатерина Захариева –министер за надворешни работи на Бугарија.

Захариева на сите прашања на новинарот се спротивставувала со контратези дека е виновна Македонија. Во еден дел од разговорот таа поставила корелација меѓу Тито и Хитлер евоцирајќи спомени за некоја средба со скопскиот градоначалник шилегов на која изнела како што вели неразбирање зошто се славела годишнина од смртта на Тито.

-Кон мене беа прилично брутални кога се осмелив да го искажам своето неразбирање затоа што ја славеа четириесет годишнината од смртта на еден од најмрачните диктатори – Тито. За помалку од десет години тој убил речиси 1,7 милиони луѓе во поранешна Југославија а тие таму го слават него. Градоначалникот на Скопје е партиски другар на Заев. Потоа веќе таму не бев толку популарна. Ама тоа е исто како градоначалникот на Берлин да дојде на идеја да го слави денот на смртта на Хитлер“, заклучила Захариева за Велт а овој нејзин став го инспирирал новинарот да извлече наслов под кој е објавено интервјуто а гласи,, како во Берлин да се слави денот на смртта на Хитлер“.

Покрај Захариева , во интервју за бугарскиот весник,, 24 часа“ во одбрана на нивните позиции а со напад врз нашите експерти во комисијата говори и копретседателот на мешовитата историска комисија Ангел Димитров кој смета дека ветото немало да влијае врз работата на ова тело.

-Колегите од Македонија намерно се спротивставуваат на приближувањето на ставовите при толкувањето на минатото и пред се ги бараат разликите. Инаку, тие се држат до карактеристиките на скопскиот политички стил на фразеолошка декларативност, промена на тези, подвалување и опструкции.Работата на комисијата беше еднострано одложена долго време А нашите колеги дури си го нападнаа премиерот Заев кога тој се обиде да инспирира подготвеност за постигнување разбирање.) изјавил Ангел Димитров-копретседател на мешовитата историска комисија за ,, 24 часа.