Втората најмала земја на светот, Монако е позната по казината, брзите автомобили и славните жители.

Со државата владее семејството Грималди, и тоа е така во последните 700 години. На чело моментално е принцот Алберт II кој го наследил престолот од својот татко Раиниера во 2005 година.

Иако државата е мала, во Монако живеат 38.000 жители, но само 9.000 од нив имаат државјанство. Исто така животниот век во Европа, токму во оваа држава е најдолг.

Во Монако дури и доколку немате „дебела“ банкарска сметка, можете да правите многу работи.

Уживање во природата

За така мала земја, Монако има голем број на паркови, градини и дрвја, многу повеќе отколку што може да замислите.

Поточно, 20 отсто од земјата е со зелена површина. Ова ја вклучува и чудесната „Exotic Garden“ која практично се наоѓа на карпа.

Убаво е да го видите и музејот на океанографија. Станува збор за огромен аквариум направен пред повеќе од 100 години, а во меѓувреме толку се развил.

Богата историја на автомобилите

Доколку сте заинтересирани за брзите автомобили, на вистинско место сте. Покрај добропознатата трка Формула 1, тука се одржува и трката Е – Формула, но и Grand Prix за класични автомобили.

Сите настани се одржуваат во месец мај, па така Монако тогаш „гори“ од богати и славни луѓе.

Палатата на принцот

Со оглед на тоа што Монако е дом на најдолговечното европско владетелско семејство, би било непристојно да ја посетите земјата, а да не одите во палатата на принцот. Принцот всушност таму живее, така што посетите не се дозволени кога тој е во платата. Отворена е од април до октомври.

Казино

И, последно, но не и помалку важно – казината. Дури и доколку не играте со високи влогови, секогаш може да влезете таму и да видите како изгледаат местата каде се трошат милиони и каде се забавува елитата.

Тамошното најпознато казино е сместено во „Gotel de Pariz MOnte Karlo“, а истото е искористено како место за снимање на филмовите за Џејмс Бонд.

MONTE CARLO, MONACO – JUNE 15, 2016: Luxury cars next to the grand casino in Monte Carlo in a beautiful summer day, Monaco on June 15, 2016