Зимата носи ниски температури, а за да се заштитиме од студот потребно е да избереме соодветни обувки и облека

Доколку вашите стапала се ладни без разлика на чизмите и чорапите, искусните планинари кои поминуваат многу време на снег предлагаат неверојатен трик.

Се што ви треба е алуминиумска заштита од сонце за шофершајбната.

Она што треба да направите е да ја нацртате ногата на оваа фолија, и да ја исечете во таква форма, за да ја вметнете како заштитна влошка под вистинска влошка од чевли.

Фолијата ќе ви обезбеди одлична изолација од снег и ќе ја одржи топлината на вашите стапала, која ќе се рефлектира.

Велат дека за овој трик може да се искористи обичната алуминиумска фолија која ја имате во кујната, но планинарите ја препорачуваат онаа што се користи како заштита на автомобилот од сонце.