Цветовите биле вообичаена декорација на римските свадби бидејќи биле симбол на нов почеток, верност и плодност.

Незаменлив дел од секоја свадба , без разлика дали е мала или голема, е бидермаерот.

Сите знаеме зошто невестата излегува со него – за да „одреди“ која девојка ќе се омажи следната.

Но, од каде обичајот на невестата да носи шарен букет цвеќе на свадба?

Претежно младите трошат премногу време планирајќи ја својата венчавка – некои купуваат и специјални планери наменети за тоа. Сепак, малкумина се прашуваат зошто е воопшто потребен бидермаер и какво е неговото значење.

Не се работи само за естетика бидејќи овој обичај датира уште од антички Рим. Цветовите биле вообичаена декорација на римските свадби бидејќи биле симбол на нов почеток, верност и плодност.

Во тоа време, покрај цвеќињата, популарни биле и билките, кои биле ставени во внатрешноста на букетот и ја симболизирале првата брачна ноќ на младенците. Со ставање билки во букетот, младенците биле „поканети“ да го консумираат својот брак и љубовта.

Лукот и копарот, за кои се веруваше дека ја штитат лошата среќа и злите духови во бракот, често може да се најдат во билките. Традицијата продолжи, па цвеќињата останаа до ден-денес како начин луѓето да ја изразат љубовта.

Поврзувајќи го со романтиката, и денес се користи како украс на свадби, а невестата го носи како симбол на својата љубов.

Освен бидермаер, цвеќињата можете да ги користите како украс за реверот и фризурата на невестата, за украсување на просторот каде што ќе ја прославите венчавката, како мотив за украсување на покани, невестински торти и многу други начини.

Кога станува збор за бидермаерот, важно е да изберете цвеќиња кои ги сакате и кои имаат посебна симболика за вас.