Не се појавуваат често во јавноста, но кога ќе се појават, за нив се зборува со денови
Познатиот пејач Рики Мартин беше придружуван од двајца многу специјални гости на премиерата на Palm Royale во Беверли Хилс во четвртокот вечерта. Неговите синови, близнаците Валентино и Матео (15) дојдоа да му дадат поддршка на познатиот заводник (52) на овој важен настан .
Нивните лица покажуваа среќа и гордост, а Рики беше многу возбуден што после долго време повторно ќе ги покаже своите синови.
Она што сите го забележаа е дека Валентино и Матео, кои Рики ги доби преку полумајка во 2008 година , веќе се прилично високи и витки, а имаат само 15 години.
За оваа пригода избраа кожени јакни, фармерки и патики, совршен спој на модерен, елегантен, а сепак толку опуштен стил.
До нив застана Рики, кој се најде во центарот на медиумското внимание поради новата улога на злобниот келнер Роберт во новата серија на Apple TV+. Спојуваше и елеганција и лежерни парчиња, а јасно беше дека ужива додека се фотографира со колегите во текот на вечерта.
Ова е ретка можност да се види Рики со неговите синови во јавноста, бидејќи тие со години успешно го избегнуваат центарот на вниманието, обидувајќи се да уживаат во мирниот живот далеку од љубопитните медиуми.
Токму затоа оваа појава беше окарактеризирана како слатко изненадување за сите, особено за претставниците на медиумите. Пред да се појават на премиерата на Palm Royale, близнаците последен пат беа фотографирани на 23-та годишна национална вечера на Кампањата за човекови права во 2019 година.

