Цените на угостителските услуги не престануваат да растат. За еден месец пораснале за 6,3 отсто, а за една година над 10 отсто. И угостителите потврдуваат дека последниве неколку години има постојан раст на цените на угостителските услуги. Храната во рестораните е поскапена за 50 отсто, а цените на пијалаците за 30 до 40 отсто. Но, и покрај високите цени, кафеаните се полни, не може да се најде слободно место. Угостителите велат дека за викенди и празници, како што е претстојниот 8 Март, за да најдете место мора да резервирате неколку дена однапред.

Цените на угостителските услуги не престануваат да растат. За еден месец пораснале за 6,3 отсто, а за една година над 10 отсто. И угостителите потврдуваат дека последниве неколку години има постојан раст на цените на угостителските услуги. Храната во рестораните е поскапени за 50 отсто, а цените на пијалаците за 30 до 40 отсто. Но, и покрај високите цени кафеаните се полни, не може да се најде слободно место. Угостителите велат дека за викенди и празници како што е претстојниот 8 Март за да најдете место мора да резервирате неколку дена однапред.

-Ние немаме организирани прослави за повеќе луѓе со менија и неограничено пиење, туку работиме само со резервации и секој си порачува што сака. Последните три години набавните цени на храната се двојно зголемени, па поради тоа и ние моравме да ги зголемиме за 50 отсто. Така на пример набавната цена на ќебапите беше 190, сега е 290 денари, на колбасите од 260, цената им се качи на 460 денари за килограм. Цената на една шарска плескавица, која е најевтина, е 250 денари, на свинска вешалица 270 денари…, односно цената на едно парче месо е од 250 до 300 денари. И цените на пијалаците се покачени за 30 до 40 отсто, изјави за весникот ВЕЧЕР, Славиша Марковски, сопственик на една скопска кафеана.

Тој додава дека и покрај тоа што цените последниве неколку години се драстично зголемени, кафеаните се полни.

-Имало, немало за кафеана пари мора да има. Народот се жали дека нема пари, а кафеаните се полни. Освен организирано од фирми и приватно, голем дел од граѓаните и семејно доаѓаат на ручек, а некои и си порачуваат храна за дома. Преку недела е полно, а за викенд да не правиме муабет, вели Марковски.

Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека во кафулињата едно кафе чини над 100 денари, а некаде достигнува и до 150 денари, а чорба нема под 200 денари. Обична или кисела вода од 0,33 мл се продава меѓу 90 и 100 денари, додека онаа 0,750 е од 150 до 180 денари во зависност од локалот.

Угостителите потврдуваат дека цените на пијалаците во ала-карт рестораните се зголемени за 30 до 40 отсто во последните три-четири години.

-Работата по короната одлично ни оди. Имаме квалитетна услуга, храна, а луѓето го препознаваат тоа. Ние организираме свадби, родендени и други прослави и затоа луѓето бараат квалитет. Точно во последните пет години цените кај нас се зголемени за 20 до 25 отсто, а во „ала-карт“ рестораните и до 40 отсто, изјави за весникот ВЕЧЕР, Перица Голомеиќ, сопственик на ресторан во Скопје.

Граѓаните велат дека освен тоа што цените се зголемени, намалени се и количествата на менијата.

И статистика потврди дека растот на цените на угостителските услуги продолжува. Во февруари годинава, во однос на февруари лани, се зголемени за 6,3 отсто. За периодот јануари – февруари 2024, пак, во споредба со истиот период од минатата година, е забележан раст од 6,3 отсто.

Во февруари годинава во однос на јануари угостителски услуги поскапеле за 0,1 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,1 отсто.