Тој е во пеколен љубовен четириаголник.




Еден Британец е во вистинска агонија бидејќи е несреќно заљубен во својата колешка .
– За сите останати јас сум верен оженет маж кој има 39 години и посветен на своите ќерки. Сепак, никој не знае дека внатре се чувствувам како заљубен тинејџер – вели тој и продолжува:




– Вљубен сум во мојата колешка која има 37 години. Таа е медицинска сестра и често работиме заедно во истиот тим на брза помош. Таа е мажена и има ќерка.
– Секогаш кога ќе ја видам чувствувам огромен притисок во стомакот, тоа не ми се случило досега. Кога ја гледам сопругата, ништо не чувствувам, ништо повеќе не не поврзува освен нашите деца. Да ја запознаев мојата сопруга денес, сигурно немаше да излегувам со неа, а камоли да се оженив со неа.




– Мојот флерт со колешката ми трае повеќе од една година, дури и нејзиниот сопруг неколку пати ја предупредил да не ми праќа толку пораки. Очигледно се сомневаше во нешто и тоа со добра причина. Од почеток се придржуваме до едно правило: никогаш не разменуваме нежности на работа, иако често сум лут од желбата да ја грабнам и бакнам – објаснува Англичанецот.




– Минатото лето по ноќната смена ме замоли да ја придружувам до дома. Изгледаше прекрасно, а јас не можев да се воздржам. Ја повлеков кон себе и ја бакнав како никогаш досега. До крајот на мојот живот ќе се сеќавам како се држеше до мене, и беше јасно дека ме сака исто толку колку што јас ја посакував. Сепак, сето тоа заврши со бакнежи и галење. Си признавме дека сме заљубени, а следниот викенд се договоривме да се видиме во тајност – наведува тој.




– Но, неколку часа пред да тргнеме, ми испрати порака: Не можам! Тие два збора ми го уништија животот. Очајна сум, вели дека сè уште ме сака, но дека ништо не може да се случи меѓу нас бидејќи аферата би и го уништила животот на нејзината ќерка – тврди Британката.




– Животот ми се претвори во агонија. Не можам да спијам, не можам да јадам… Цело време мислам на неа… Што да правам – се прашува човекот.
Оставете ни коменатар дали правилно постапила девојката?

