Веројатно не сте го знаеле ова

Имено, бојата на лушпата на јајцето зависи од расата на кокошката што го носи јајцето, а не од исхраната, околината или други фактори, како што многумина може да претпостават.

И белите и кафените јајца се природни, како и посветлите и потемните нијанси на кафена боја, па дури и оние кои се сиви.

Исто така, нема разлика во вкусот или квалитетот на јајцето врз основа на бојата на лушпата.

„Бели јајца снесуваат кокошки со бели пердуви, додека жолти јајца кокошки со шарени и црвени пердуви. „Постои и еден вид американска кокошка која снесува јајца со сина лушпа“, објасни Тро. В. Буи од Универзитетот Корнел за Њујорк Тајмс.

Белите кокошки често несат бели јајца, а кафените, црвеникави кокошки имаат повеќе пигмент во лушпата од јајцето.