Пријателите се важен сегмент во животот на секој човек. Често се таму да не поддржат, да ни бидат рамо за плачење, но и да ги споделиме со нив сите тие убави моменти и успеси. Затоа особено нè растажува кога „ни вртат грб“.

Според толкувањето на астролозите, во наредниот период постои голема веројатност следбениците на овие три хороскопски знаци да доживеат непријатно изненадување – нивните пријатели по долго време ќе го покажат своето „вистинско лице“.

Овен
Личноста на која и верувате наскоро би можела да ве изневери. Можете ли да погодите кој е тоа? Ако имате некој на ум, веројатно сте во право.

Близнаци

Запомнете дали некому му должите во минатото или не си го одржавте зборот. Ја изневеривте довербата на таа личност, по што и требаше долго време повторно да се чувствува безбедно во ваша близина. Во меѓувреме се зближивте и мислевте дека грдите работи сега се зад вас. Всушност, таа личност никогаш навистина не ви простила. Едноставно повеќе не се грижи за вашето пријателство, пишува Index.hr.

Стрелец
Сте ја положиле својата доверба на личност за која на прв поглед би можело да се заклучи дека ќе ви го сврти грбот кога најмногу ви треба. Дури и ако сте станале свесни за таа опасност, се преправате дека не верувате. Време е да се прифати реалноста.