Истражувано е на кој начин овие тестови правилно се употребуваат, колку е сигурен, како и на што е потребно да се обрни внимание за време на домашно тестирање.
Домашните тестови за коронавирус дистрибутирани се во сите аптеки ширум Србија и можат да се набават за 1.300 динари.
Во една од апотеките укажуваат, дека станува збор за антигенски тест, и дека постојат повеќе можни причини за непрецизен резултат, а тестовите кои се наменети за домашна употреба, се препорачува тестирањето да го изврши стручно лице.
Речено е дека граѓаните можат самоиницијативно да купат тест, но им се советува внимателно да го прочитаат упатството и дека најдобро би било доколу имаат некој кој се занимава со медицина, да му го препуштат спроведувањетио на овој тест.
“Може погрешно да го прочитате, па потоа да размислувате дали имате корона или немате, и ако не го одработете правилно тогаш ништо не сте направиле. Стапчето е потребно да влезе длабоко во шуплината на устата за да биде се како што треба. Од друга страна, можно е да биде негативен тестот, а да сте позитивни“.
Кога содржината од носот ја извлекувате, стапчето се става во хемикалија, и потоа пет пати се притиска за содржината и антигените кои се присутни во него да се истиснат во шишенцето. На крај, резултатот може да се прочита во тек од 20 до 30 минути после дозирање на примерокот, при што секој резултат кој е прочитан по истекување на времето во тој период е неважечки.
“Во тестот содржани се 5 работи, значи имате стапче за брис, имате плочка, имате мала епрувета, и капалка и мора да бидете многу внимателни. Во самото упатство е наведено дека тестот треба да го направи стручно лице“, предупредуваат фармацевтите.
Погледајте ја видео снимката на која е прикажана процедурата за тестирање на коронавирус со брзиот “домашен тест“…
