а се ​​биде астронаут е една од најсложените работи и многу од нив наоѓаат начин да се забавуваат илјадници километри подалеку од Земјата, во неистражените простори.

Така, астронаутите од Меѓународната вселенска станица одлучиле да направат пица, додека тестото и состојките лебдат околу нив поради значително ослабената гравитација во вселената.

Видеото, кое импресионираше многумина, на Инстаграм го објави астронаутот Томас Пескет.

– Ноќ на лебдечка пица со пријателите. Се чувствуваме речиси како сабота да е на Земјата. Велат дека добар готвач никогаш не ги открива своите тајни, но јас направив видео за да оцените. Имаме се освен ананас, тоа би било сериозен прекршок во Италија – напиша Пескет.