Ако тие продолжат да се однесуваат како држава која е ментор на Бугарија и држава која ги одредува условите, мислам дека уште долго време треба да почекаат. Бугарија го има полното право да бара од земјите кандидати за влез во ЕУ, да исполнуваат одредени услови.




Еден од условите е нашата национална безбезбедност. Не може со инает, каков што гледаме од страна на Скопје „ама ние сакаме“, и јас можеби сакам многу работи во овој живот, но нешто што не е мое, како да го сакам, а тие сакаат се“, изјави министерот за одбрана на Р. Бугарија и потпретседател на бугарската Влада, Красимир Каракачанов во своето денешно гостување во утринската програма на БТВ
Бугарскиот вицепремиер и претходно јасно го има соопштено својот став дека нема да прави компромис со како што вели тој, антибугарската политика.




„Му кажав на премиерот Заев дека тие ништо не направија три години и кога дојде моментот за решение беше доцна. Јас сум првенствено вицепремиер на Бугарија и нема да правам компромис со антибугарска политика и не ме интересира што дел од нашите европски партнери имаат поинакви ставови и што се обидуваат на некои начини да ги наметнат нивните позиции. Бугарија има јасни интереси. Имаше обиди да не разубедат.




Имаше обиди да не разубедат за работи за кои сепак немаа аргументи. Јас го разбирам обидот на некои од партнерите да наложат да отстапиме, но на крајот Бугарија мора да се грижи за своите интереси“ – рече Каракачанов.
Дали ќе дојде до затоплување на односите и можно решавање на спорните прашања меѓу двете земји останува да видиме.
