Често забораваме дека тоа што се наоѓа на нашата чинија и тоа како влијае на здравјето на нашето срце.

„Храната која е здрава за срцето содржи хранливи состојки кои докажано му користат на кардиоваскуларниот систем или го намалуваат развојот од срцеви болести и го намалуваат лошиот холестерол и триглицеридите во крвта, го намалуваат крвниот притисок, ја контролираат телесната тежина или го подобруваат чувството на инсулин“, вели докторката Ранија Батајнех која е авторка на книгата „The One One One Diet“.

Омега три масните киселини, калиум, калциум, магнезиум, растителни влакна, фитонутриенти и антиоксиданти се најважни, а нивниот удел е најголем во медитеранската храна, па треба да ги консумираат оние кои сакаат да го подобрат здравјето на срцето.

Науката ја поткрепува оваа теорија и вели дека менито базирано на житарици, јаткасти плодови, како и малку млечни производи и масти здрави за срцето, може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести за една третина, наведено е во студијата од 2016 година објавена во списанието „Journal of the American College of Cardiology“.

Која храна добива црвено светло кога станува збор за здравјето на срцето? Прочитајте во продолжение.

  • хот-дог;
  • печено пилешко месо;ж
  • пржено пилешко месо;
  • пржени компири;
  • чипс;
  • жовошно смути;
  • жзелен сок;
  • конзервиран зеленчук;
  • готови замрзнати јадења;
  • кечап;
  • црвено месо;
  • сол;
  • бел леб;
  • спортски напитоци;
  • енергетски напитоци;
  • алкохол;
  • путер од кикирики;
  • овесни снегулки со шеќер;
  • јогурт со вкус;
  • маргарин.