




Драган Којиќ Кеба неодамна гостуваше во една емисија, а по тој повод во студио го донесе својот брат. Го претстави братот на својата тетка Горан Јевтиќ, кого јавноста првпат го гледа, а пејачот откри дека и неговиот брат со години се занимава со музика, па сакал да го претстави на јавноста.




Горан долги години е пејач, а е и професор по физичко во училиште и за разлика од брат му Кеба не сака јавно да се експонира во медиумите, па на негово убедување едвај дојде во шоуто.




– Ова е брат на тетка ми, Горан Јевтиќ, се вика Горан Кеба. Инаку, сите во моето семејство се Кеба. Се занимава и со музика, дипломирал на ДИФ, не знам колку се занимавал со музика, но еве, никогаш не е доцна – изјави Кеба.




– Завршив факултет и го сакам спортот, но музиката ми е на прво место. Отсекогаш сум следел добри песни и сакам добри народни песни, дуети. Кога почнав да пеам, актуелни беа двајца.

Се најдов во ваков начин на живот, неколку школи, неколку свирки и толку – изјави за себе „Горан Кеба“.

