Цело време нервозно гледаше наоколу, а потоа тргна во акција




Американскиот ресторан „House of Beef“ во Калифорнија објави видео од бесрамен гостин кој украл скап оброк од бар. Сепак, тој не очекуваше дека ќе биде снимен од безбедносните камери.




Човекот и рекол на келнерката дека ќе чека компанијата да му се придружи. Меѓутоа, по околу половина час, нарачал телешки стек, па почнал да јаде.




На видеото се гледа како мажот зема парче стек и го завиткува остатокот во хартиена крпа што се наоѓала во корпа за леб. Цело време нервозно гледал наоколу, но на крајот си го зел пленот и побегнал од ресторанот.




Видеото на Фејсбук го објави келнерката Кристина Кокс.
