Нервозна мајка ја прекинала венчавката на нејзиниот син Џон Лерби поради наводната омраза кон нејзината снаа Ана, и сакала да ги спречи да се венчаат на сите можни начини. Меѓутоа, нејзиниот план пропаднал.

Според помладата сестра, свекрвата никогаш не ја сакала Ана затоа што мислела дека „го зела нејзиниот син под закрила“ и секогаш велела дека е вознемирена што се заедно, и покрај тоа што имаат осуммесечно бебе.

Кога направила скандал на венчавката, невестата била самоуверена и и рекла на свекрвата дека „може да ја напушти салата бидејќи тоа нема да ја расипе свадбата“.

Мајката на младоженецот одговорила дека нема да замине бидејќи платила за фустанот.

Младоженецот бил растргнат помеѓу неговата мајка и неговата идна сопруга, и на крајот ги замолил двете жени да ја прекинат расправијата.

Свадбата имала среќен крај бидејќи двајцата на крајот се венчале.