„Маж ми замина на работа, а потоа само ми јавија дека починал. Така, се урнал и паднал“, започнува својата исповед Милена.

Како што вели, не знаела што да прави во тие околности, а новата љубов се појавила сосема ненадејно.


„Штом Јово умре, сè ми беше јасно. Свекрва ми веднаш почна ужасно да се однесува кон мене и кон детето. Ништо не ни дозволуваше, а куќата ја препиша на другиот син.

‘Сега кога Јово умре, морам нешто да му оставам некому’, ми рече“.

Ја замолив да ни даде парче земја да обработуваме, но таа не сакаше ни да чуе.

Дури и ќерката почна да не ја сака својата баба, а сите околу нас коментираа како тоа што ни го прави е страшно – но никој не зборуваше јавно.


„Што да правам? Мораше да се преселам.“
Ујак ѝ позајмил пари, па купила мала куќичка од околу 30 квадрати – доволна за неа и ќеркичката.

Но кога помислила дека страдањето завршило – започнал најголемиот пекол.


Поминале две години од смртта на сопругот, а Милена запознала друг маж.

„Човек, пријател – тука е за мене. Ми помага кога сум сама, животот ми стана полесен откако е покрај мене.

Ќерката го прифати убаво, но никој друг. Тетки и роднини ме прашуваат како не ме е срам – па Jово, велат, ‘ни се нема ни оладено’!

Колку да чекам да се олади? Десет години? Па потоа пак ќе кажат дека сум ‘едвај дочекала’.“


„Имам интимни односи со него. Постар е од мене, добар е со моето дете, ми помага во сè и ми е огромна поддршка. Да – среќна сум!

Колку време треба да помине за фамилијата да ми ‘прости’?

Кога е дозволено една вдовица да има нов маж?“


Прво ја отфрлила семејството на нејзиниот сопруг, а потоа и нејзините роднини. Правеле муабети зад грб, го одмерувале новиот партнер, барале мани и со презир гледале кон неа.


„Кога е во ред жената во речиси педесеттите да продолжи со својот живот? Кога?

Не ми паѓа на памет да бидам како мојата баба, која целиот живот остана сама по смртта на дедо и од таа осаменост и горчина ги мачеше сите околу себе.“