Добро е познато дека коњите се нежни животни и живеат во хармонија со луѓето кои се грижат за нив. Но, оваа фотографија во која мало момче го шета својот коњ покажува колку навистина се лојални и нежни животните. Малиот Артур го шеташе својот коњ, кој исто така е бебе, за да се навикнат еден на друг.

Мајката на Артур сака момчето да научи да јава, и иако и двајцата се мали, коњот е многу поголем од момчето. Сомнително е дали возрасен човек би знаел како да се однесува кон коњот како малиот Артур кој се чини дека е роден да се грижи за коњите. На снимката се гледа како коњот е многу нежен и трпелив со својот мал водич. Се гледа дека тие двајца воспоставиле посебна врска.

Коњите се многу добро хоби за децата. Освен што поминуваат време во природа, тие учат да се грижат и за живо суштество. Децата на тој начин учат дисциплина, трпение и грижа уште од мали нозе.

Коњите имаат инстинкти со кои препознаваат кога некој добро се однесува со нив и тие им возвраќаат на тој однос. Кога децата се учат да водат коњ, тоа ги развива нивните лидерски вештини и ги учи како да развијат здрав однос со другите.

Малиот Артур можеби е млад и се уште не возел, но со ова темпо брзо ќе се претвори во професионалец. На снимката се гледа како тој природно се однесува со животно кое е десетици пати потешко и поголемо од него, а изгледа како коњот да ужива.