Ќе дува умерен југоисточен ветер
Во Македонија утре, според прогнозата на Републичкиот хидрометеоролошки завод, ќе биде променливо облачно со сончеви интервали, претежно суво и топло за овој период од годината, со највисока температура до 18 степени.
Во раните утрински часови се очекува на некои места краткотрајен дожд.
Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Најниската температура околу 7, а највисоката околу 17 степени Целзиусови. Во текот на ноќта се очекува наоблачување со дожд. Во петок се очекува престанок на дождот, утринските часови на северозападот на земјата, а во текот на денот и во останатите краеви со делумно разведрување.
Во сабота, по претежно ведро утро и претпладне, во текот на денот ново наоблачување, кое навечер и во текот на ноќта повторно ќе услови дожд, а на планините снег.
Јужниот и југоисточниот ветер ќе засилува. Во недела значително постудено, ветер умерен и силен, со свртување на северозападен, а дождот краткотрајно ќе премине во снег, со локално создавање на помал снежен покрив.
Студеното време ќе се задржи до 17 февруари, а потоа ќе следи раст на температурата со чести пролазни наоблачувања со врнежи.
