Од украдените богатства на Ацтеките до исчезнатите европски уметнички дела украдени од нацистите или злато закопано во земја, овие богатства продолжуваат да ги интригираат луѓето.

Изгубеното богатство на „Тажната ноќ“

Кон крајот на јуни 1520 година, Ацтеките конечно се спротивставија на Хернан Кортез и шпанските напаѓачи и ги протераа од нивниот главен град Тенохтитлан.

Тогаш Кортез им наредил на своите војници да соберат што повеќе богатство и злато, да го внесат и да отидат со него до бродовите што ги чекаат. Но, бидејќи Тенохтитлан се наоѓал среде езерото, а златото е тешко, многу војници се удавени заедно со скапоценостите.

Настаните од таа „La Nocha Trieste“ (Тажна ноќ) останаа запишани во историјата, но богатството никогаш не беше пронајдено, па дури и денес наводно почива под Мексико Сити, кој се наоѓа на врвот на пресушеното езеро.

Богатството на Лима

Во 1820 година, британскиот капетан Вилијам Томпсон имаше една главна цел – да украде богатство од ризницата на чилеанскиот град и да го однесе во Мексико.

Сепак, капетанот никогаш не стигна во Мексико, и постојат записи за тоа како се криел на островот Кокос, ненаселен остров во близина на пацифичкиот брег на Костарика. Ловците на богатство со векови неуспешно се обидуваат да го најдат изгубеното злато, а еден од нив е американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт.

Колекцијата на богатство, наводно, вклучува збирки златници, златни статуи, скапоцени камења, круни, сребрени и златни плочи во вредност од околу 269 милиони долари во денешна вредност.

Пленот на полковникот Џон Синглтон Мозби

На 9 март 1863 година, конфедералниот полковник Џон С. Мозби тргна во опасен подвиг со своите партизани војници и ги нападна војниците на Унијата, приведоа 42 и ги ограбија коморите на генералот Едвин Стаутон.

Но, додека бегаа од местото на злосторството, наидоа голем контингент војници на Унијата недалеку од Вирџинија. Мозби го даде богатството на неговиот помошник и човек од доверба со цел да го закопаат, за војниците да не го киднапираат среде битка. До денес не е пронајдено.

Товарот на Дамата на Атох

Иако дел од ова богатство е веќе пронајдено, тоа е само дополнителен аргумент за многу ловци на богатство дека постои. Изгубено е на 6 септември 1622 година од шпанскиот брод „La Nuestra Señora de Atocha“, откако бродот се најде среде ураган недалеку од Флорида Кејс.

Бродот беше натоварен со богатство при враќањето во Шпанија, но потона во близина на плитките корални гребени на околу 56 километри оддалеченост од Флорида, на длабочина од 16 метри.

Дел од богатството беше пронајдено во 1985 година од американскиот ловец на богатство Мел Фишер, а наводно се уште недостасувале вредни предмети во вредност од околу 500 милиони долари, вклучувајќи седум тони сребро, 128.000 златници, 27 килограми смарагд и 35 кутии црковно злато.

Иако нуркачите се уште често наоѓаат златници во таа област, никој не ја нашол целата ризница.

Богатство на дното на езерото Гватавита

Златото пронајдено под вода обично е резултат на несреќа, но тоа не е случај со ова богатство. Станува збор за племе во Колумбија, чиј свештеник, како дел од верскиот обред покривал со златна прашина, а потоа го фрлале во езерото Гватавита како жртва на богот на водата. Иако имаше неколку обиди да се исуши езерото и да се најде злато на дното на езерото, колумбиската влада забрани со закон.

Европското богатство

Додека нацистите ја тероризираа Европа во текот на 1930 -тите и 1940 -тите години, огромни богатства и имоти на богатите, главно Евреи, паднаа во нивните раце. На крајот на Втората светска војна, стана очигледно дека ќе загубат, па почнаа да го кријат и уништуваат украденото. Тие наводно фрлиле поголема количина уметност и злато во езерото Тауплиц во соседна Австрија.

Изгубеното богатство на Конфедерацијата

Конфедерацијата ја загуби својата моќ и пропадна од средината на 1865 година, така што Југот се подготвуваше да се предаде. Владата на Конфедерацијата тогаш наводно одлучи да го скрие своето богатство во залихите на златни плочи. Постои приказна дека се уште е закопано некаде во близина на Вашингтон, чекајќи среќен пронаоѓач.