Како што во меѓувреме често се зборуваше: вакцинираните лица исто така можат да се заразат со коронавирус. Но, податоците потврдуваат – тие обично добиваат само благи симптоми. Вакцинирањето спречува тешки или дури опасни по живот случаи на Ковид-19.




Делта сојот на коронавирусот може да има симптоми кои се поблаги и кои вообичаено не се поврзуваат со Ковид, поради што некои луѓе можат да ја „заменат“ болеста со алергија или пак обичен вирус.
Здравствен функционер од американската држава Луизијана, Џо Кантер, изјавил дека делта сојот сепак и натаму има типични симптоми како што се кашлица, зголемена телесна температура или краток здив, но додава дека гледа сè повеќе пациенти со поразлични симптоми како што се воспаление на синуси, течење на носот и болка во градите.




Откако во месец април ја примил втората доза на вакцина против коронавирусот, музичарот и новинар Џеф Дингелер вели се чувствувал олеснато, односно дека мислел дека дошол крајот на маските, пандемијата и стравот од изолација. Но, кон крајот на месец јули неговата невнимателност го убедила во спротивното.
Имено, тој решил да замине на патување за да ги види своите стари пријатели од факултет за кого вели дека ги нема прегрнато две години. Но, она кое тој не го очекувал е дека неговата одлука ќе им донесе опасност на најблиски.




-Роднината која ме однесе до аеродром ме предупреди дека неколку дена не се чуствува добро. Мислејќи дека станува збор само за настинка, се качив со неа во автомобилот и носев маска дур се возевме. Една недела подоцна се вратив дома во Алабама каде мојот брат ми кажа дека не може да ме прегрне бидејќи ги има истите симптоми на настинка.
Недела дена подоцна и мојата мајка се разболе. Тогаш прв пат слушнав за случаите на кои им е потребно време да создадат антитела по примената втора доза вакцина. Да бидам искрен, тогаш прв пат прочитав дека има случаи на вакцинирани лица кои се заразиле, вака Џеф ја започнува својата исповед.




Имено, сите членови на неговото семејство биле целосно вакцинирани, а вечерта на 31 јули и Џеф го почуствувал првиот симптом на делта сојот.
-Веќе следното утро мислев дека главата ќе ми експлодира од болка, а и лимфните јазли ми беа отечени. Иако бев убеден дека е Ковид, сепак решив да се тестирам и тоа бидејќи знам колку е сериозна оваа болест. Кога стигнав на местото за тестирање немаше никој од надлежните вработени, па така решив сам да си земам брис од носот и да го оставам примерокот во кутијата.




Бев сигурен дека не ја завршив работата како што треба, а неколку дена подоцна ми стигна негативен резултат. Но, решив да се изолирам две недели бидејќи знаев дека негативниот тест е резултат на мојата нетрпеливост да го почекам стручното лице да ми земе примерок, вели тој.




Тој и вели дека минатата година кога живеел во Њујорк бил многу болен и бил убеден дека го прележал вирусот. Додава и дека со пандемијата ја изгубил работата, здравственото осигурување и поради тоа решил да се врати во родната куќа во Алабама.
-Но згрешив. Алабама е веројатно најлошото место каде треба да сте за време на пандемијата. Вирусот хара, а бесплатните тестови се укинати. Па така сте оставени сами на себе, додава Џеф.
По добиениот сомнителен негативен тест, Џеф решил да купи брз тест од супермаркет кој го чинел 20 долари. Резултатите ги добил за 15 минути.




-Видов дека тестот е дефинитвно позитивен. Не можев да поверувам. Мислев дека ако сум вакциниран ќе бидам и имун на вирусот. Следното нешто што го пишуваше на тестот е дека ако добиете позитивен резултат тогаш треба да се јавите кај матичниот лекар – кој јас го немав. Па така решив да им се јавам на сите со кои сум бил во контакт изминатите 10 дена и мојата изолација започна. Ви го пишувам ова од карантин бидејќи сум позитивен. На почетокот бев загрижен дека мојата состојба ќе се влоши, но сега се чуствувам како да имам настинка, пишува тој.




По 3 дена во изолација тој решил да направи уште еден тест. И тој тест бил со позитивен резултат. И покрај гадењето, главоболките, омалаксаноста и кивањето тој други симптоми немал.




-Благодарение на вакцината ниту еден од моите симптоми не беше сериозен. Сите од моето семејството закрепнаа за една недела. Доколку овој делта сој, кој беше потврден кај мојата мајка, го зарази цело мое семејство тогаш едно е јасно – ние се уште треба да носиме маски, да држиме дистанца и да бидеме внимателни.




Разбирам дека луѓето се уморни од маски, пандемија, изолација, дистанца и став но ние напредуваме во оваа битка. Без вакцините мооите симптоми ќе беа полоши а не можам ни да замислам какви ќе беа кај мојата стара мајка. Слушајте го овој позитивен пациент што има да ви каже – вакцинирани, носете маски и поминувајте го времето дома, заклучува тој.
