Девојката отсекогаш сонувала за големо семејство и имала намера да го исполни тој сон.




Русинката Кристина Озтурк (24) го роди своето прво дете на 17 години, а денес, седум години подоцна, има дури 22 деца. Отсекогаш сонувала за големо семејство и имала намера секоја година да има по едно дете, а потоа сфатила дека може уште побрзо да си го оствари сонот.




Кристина се омажи за милијардерот Галип Озтурк (57), кој го запознала на одмор во Грузија. Од претходната врска имала девојче Вика, а со Галип преостанатите деца ги добиле со помош на сурогат мајки на кои потрошиле повеќе од 15 милиони денари.




– Можам да ви кажам моите денови никогаш не се здодевни. Секој ден е различен. Играме, одиме на шопинг и правиме се друго што прават другите родители – вели оваа млада мајка и тврди дека прави се што прават другите мајки, но не крие дека не се срами да побара помош.




16 дадилки и помагаат да се грижи за децата, таа троши над половина милион динари неделно на бебешки резерви, кои вклучуваат 20 големи пакувања пелени и 53 кутии со формула.




– Многупати ме прашуваат како можам да посветам време на секое дете и затоа се трудам да бидам еден на еден со секое дете. Поврзана сум со секое дете, децата ми се најважни во животот – завршува Кристина.
Инаку, таа сака да има 105 деца.
