Исклучително необична и интересна приказна која сигурно ќе ви го разубави денот.

Гусан Гриша и Гуша Глаша станаа ѕвезди на TikTok со над 29.000 следбеници.

Рустем, нивниот сопственик, секојдневно снима интересни клипови од своите миленици и ги објавува на социјалните мрежи.

Неодамна објави како дошло до тоа, односно зошто всушност ги купил.

– Ми требаа животни за да го чуваат имотот. Бидејќи имам две мачки, се плашев да купам кучиња, не знаев како ќе се снајдат, па купив гуски – рекол Рустем и додал – Гуските се поопасни од сите кучиња. Имаат многу развиено сетило за слух и вид. Кога некој ќе дојде до нашата капија, нè известува за тоа, а ако некој се обиде да влезе во нашиот двор, го напаѓаат. Имаат заби остри како пила, а кога ќе каснат оставаат лузни – објасни тој.

Рустем сфатил дека гуските се многу лојални и приврзани птици и открил дека кога Гриша ја повредил ногата – Гриша и Глаша прекрасно се согласуваат. Тоа го забележавме кога Гриша ја повреди ногата. Кога двајцата влегле во водата, Гриша не знаел да плива, за малку ќе се удавел. Го лечевме околу три и пол месеци. Во тој период Глаша воопшто не го остави – заврши.

Гриша и Глаша не само што се ѕвезди на Тик Ток, туку привлекуваат внимание каде и да се појават.

Видеото погледнете го ТУКА.

(Telegraf.rs)