Според локалните медиуми, мажот бил пренесен во болница откако бил нападнат од морски цицач
Јапонските власти се обидуваат да откријат делфин осомничен за најмалку шест напади врз луѓе ова лето.




Пред два дена беше објавено дека делфин ги каснал уште двајца капачи за рака, што се верува дека е последниот во серијата напади на јапонската плажа Кошино.




Јапонските власти веруваат дека станува збор за истиот делфин кој постојано напаѓал луѓе ова лето, јавува Би-Би-Си.
Обично се смета дека делфините не се агресивни кон луѓето, но всушност нивното непријателство кон пливачите не е толку ретко.




Локалните медиуми објавија дека тој утрото каснал маж за двете раце, а потоа истиот ден нападнал друг маж, при што ги повредил прстите на левата рака.




Двата инцидента се случија на плажата Кошино, популарна дестинација за капачите во близина на западниот јапонски град Фукуи.




Официјалните лица сега поставија предаватели на ултразвук долж плажата со надеж дека неговите звуци со висока фреквенција ќе ги одвратат делфините. Пливачите се предупредени и советувани да се обидат да ги избегнуваат во водата.




Засега не е јасно каков делфин ги нападнал луѓето. Според локалните медиуми, делфините во оваа област се навикнати да комуницираат со луѓето и да доаѓаат во поплитки води.




Нападите на делфините се ретки, но не и невозможни.
