




Македонската телевизиска водителка Лила Филиповска вчера го прослави својот 51. роденден.




Омилената водителка на македонската јавност објави фотографии од својата роденденска забава, на која присуствуваа нејзините најблиски пријатели, но и сподели дека „остава претешка година зад себе“.




„Вечерва облеков фустан во бела боја… Вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден. Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден, да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив! Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден, овој ден е мојот роденден“, напиша Лила на Инстаграм.




За оваа убава пригода, Лила облече раскошен бел фустан од модната куќа „Елена Лука“ на нејзината долгогодишна пријателка Елена Пандева.




Драга Лила, нека ти е среќен роденденот!
