Сезоната на лубениците се уште не е започната, но веќе знаеме дека цените ќе бидат рекордно високи.

На Редит се појави фотографија од лубеница од маркет во Крагуевац, која на прв поглед изгледа како и секоја друга.

Меѓутоа, кога ќе ја погледнете цената, ќе сфатите дека не се работи за обична лубеница, туку за лубеница вредна 1329 динари или 145 динари за килограм.

Токму кога помисливме дека поскапувањето на храната веќе не може да не изненади, се појави оваа лубеница која чини колку нечија дневница.

  • Многу луѓе во коментарите се пошегуваа дека оваа лубеница дефинитивно нема да најде купувач.
  • „145 динари за килограм??? Кој ќе го купи тоа? Буквално, не плаќам повеќе од 60 динари за килограм“.
  • „Како ја замислувате личноста која всушност ќе го купи ова?
  • „Можеби е исполнета со златници.
  • „Значи, денес работам за лубеница.
  • „Ова е летна продажба.