Нискиот крвен притисок не е секогаш единствената причина за замор.

“Не знам што ми е. Од утрово не можам да погледнам со очи. Се чувствувам како воз да ме прегазил”, е само еден од коментарите кои ги слушаме долж начин, а ги има десетици.

Одговорот на тоа прашање за „Блиц“ го даде д-р Ивана Стефановиќ од Градскиот завод за итна медицинска помош.

– Секако, доколку се исклучи можноста за зараза со вирусот Ковид 19, тогаш овие проблеми се поврзани со временски замор и промени во временските услови и воздушниот притисок. Крвните садови се шират, притисокот опаѓа, па се чувствуваме уморни, исцрпени, поспани – изјави д-р Стефановиќ.

Иако секој кога ќе се почувствува вака, прво почнува да претерува со кафето, доктор Стефановиќ вели дека тоа е всушност голема грешка.

– Кафето е диуретик, па зголемувањето на количината дава спротивен ефект. Кафето прво го зголемува притисокот, но потоа го намалува, па после тоа се чувствуваме уште поуморни. Наместо многу кафе, треба да пиеме што повеќе вода и да јадеме малку посолена храна – советува нашиот соговорник.

А според најавите на метеоролозите деновиве ќе имаме заладување и врнежи од дожд кои ќе паѓаат цел ден, а таа промена на времето ќе биде најтешка за астматичарите и кардиоваскуларните пациенти.

– Затоа деновиве е задолжително да се контролира хипертензијата, па доколку е зголемена веројатно ќе треба да се зголеми терапијата и да се додаде диуретик – изјави д-р Стефановиќ.