Животот е навистина непредвидлив и често многу суров. А целата негова тежина ја почувствувале и младите сестри од Хрватска на кои им била дијагностицирана тешка автоимуна болест.




Имено, мултиплекс склероза е автоимуна болест која ги препознава сопствените нервни клетки како вирус, предизвикува пецкање на делови од телото, заматен вид, нарушување на координацијата и многу други симптоми.
Ги препознале и сестрите Теа (30) и Леа (27) од Хрватска, кои пораснале како и сите други деца, додека не се потврдила дијагнозата која од корен им го променила животот.




– Кога првпат ги почувствував симптомите, бев одвоена од семејството. Јас тогаш учев и ми беше исклучително стресно. Почувствував трнење во десната страна на стомакот. Отпрвин не обрнував внимание на тоа и не кажав никому. Првиот пат кога раскажав за симптомите беше една година подоцна кога целата десна страна од телото ми се вкочани – изјави Теа за „24sata.hr“.




Од друга страна, првите симптоми на Леа биле неколку години подоцна кога почувствувала трнење во левата нога и левата рака, поради што Теа била крајно исплашена и веднаш ја однела својата сестра на тестови.
– Кога ги добив првите симптоми на мултиплекс склероза, Теа беше на пракса по неврологија како медицинска сестра. Се сеќавам како плачев во собата од болката на пункција, додека Теа ме гледаше однадвор и плачеше, бидејќи многу добро знаеше низ што поминувам – коментира Леа.




Кога дознале дека боледуваат од мултиплекс склероза, никој од нивното семејство не знаел точно што значи тоа, па сите тие поголемиот дел од времето заедно го поминувале на образование, а бабата дополнително била вклучена во барање различни алтернативни методи на лекување како помош нејзините внуци.




– Пред бременоста бев физички активна и се движев, а единствените отежнувања беа кога ќе одев малку посилно. Иако обично автоимуните болести стагнираат за време на бременоста, процесот ми беше обратен. Од работоспособна личност станав личност која лежи во кревет и зависи од туѓа помош. Сопругот не туркаше и за двајцата, а во 2017 година дури и ме носеше во раце да се породам – вели Теа која денес пешачи, вози велосипед и нормално ги извршува сите секојдневни активности.




И седум години по првите симптоми, Леа сè уште не може да ја почувствува горната страна на левата рака.
– На последниот преглед ја изненадив докторката, очекуваше да дојдам во инвалидска количка, но кога влегов во хирургија беше пријатно изненадена – раскажува Теа за „24сата.хр“.




Сестрите Теа и Леа очекуваат подобрување во иднина. Теа од породувањето почнала самостојно да оди и се чувствува се подобро и подобро, додека болеста на Леа не ја спречува да го живее животот во потполност, со поддршка од сопругот.
