Една вдовица ја раскажала својата трагедија низ која морала да помине. Се било јасно кога ги погледнала свадбените фотографии.
Ема и Џастин Котијар биле пресреќни кога дознале дека е трудна. Нивната љубов станала уште посилна откако дознале дека ќе станат родители, па решиле да се венчаат. Свадбената прослава и венчавката биле организирани кога таа била веќе седми месец од бременоста . Како и сите младенци, тие весело му позираа на фотографот, свесни дека овие слики се нивни спомени за цел живот.
По венчавката, тие заминаа на меден месец , но потоа сè се промени за миг.
„Џастин беше љубовта на мојот живот, одлично се сложувавме . Беше нежен и внимателен, особено кога дознавме дека сум во друга состојба. Се сеќавам дека бевме на меден месец, станавме наутро и тој наеднаш, без никаква причина, почна да ми вика да излезам од собата и секој обид да го смири уште повеќе го вознемируваше во седмиот месец од бременоста , хормоните дополнително ми делуваа, па плачев со часови“, вели Ема.
Во меѓувреме, однесувањето на Џастин станувало се почудно, тој имал силни главоболки, па таа го наговорила да оди на лекар. Следеше шок дијагноза – Џастин имал рак на мозокот во напредна фаза!
„И двајцата останавме без зборови од шокот. Дури тогаш ми стана јасно неговото чудно однесување. Ракот погоди многу центри во мозокот и го „натера“ на агресија . А тој само сакаше да почека да го види своето дете“, додаде очајната Ема низ солзи.
По дијагнозата, Џастин итно бил опериран, а кога почнал со хемотерапија, Ема се породила и ја родила нивната ќерка Миа.
„Поради хемотерапија, тој беше во болница, а дома доаѓаше само за време на викендите. Четири месеци подоцна, лекарите констатираа дека туморот пораснал и метастазирал. Кога ми кажаа дека има само уште два месеци живот, решив да го донесат дома од болница барем да биде со ќерка му и да ја држи во раце“, рекла Ема.
Џастин почина помалку од две години по дијагнозата, а Ема се посвети на хуманитарна работа и помагање на луѓето кои страдаат од рак на мозокот.
“Симптомите на оваа сериозна болест не се секогаш лесно да се препознаат. Секогаш кога ги гледам сликите од нашата свадба, плачам. Изгледаме многу среќни на фотографиите. Кога ќе се сетам наназад, тој чудно се однесуваше уште пред свадбата, но ние Не обрнував внимание на тоа Сега кога ги гледам нашите слики од свадбата, беа доловени некои моменти и неговите изрази на лицето врз основа на кои, сега знам, можев да заклучам дека нешто не е во ред јас дека тој беше таков поради тумор на мозокот“, расплака Ема. јавува „Среќна“.
Постојат бројни видови на рак на мозокот кои можат да настанат во самиот мозок или во ‘рбетниот мозок, а најчесто метастазираат во белите дробови, дојките, бубрезите, дебелото црево… Симптомите обично се развиваат незабележано или се припишуваат на некои други состојби
