„Актуелности“, локалниот портал за вести во Кочани, известува дека синоќа од кругот на Јавната здравствена установа „Општа болница“ во Кочани е украдено едно возило на брзата медицинска помош, марка „Тојота“.

Порталот се повикува на неофицијални, но добро упатени извори.

Вработен од болницата изјавил дека полицијата извршила увид во здравствената установа.

Се работи за возило кое Општа болница го доби како донација. Во последно време во регионот има зачестени кражби на трактори, автомобили и комбиња.