Хрватка се породи по трансплантација на срце.




Марија Маршиќ Јакиќ од Метковиќ, која има 24 години, роди син по успешна трансплантација на срце. Taa e една од двете жени во Хрватска кои се породиле и покрај тоа што имала трансплантирано срце,




„Се започна во 2013 година со болки во грлото. Потоа дојде вирусот стрептокок кој ги нападна белите дробови и срцето. Една година се лекував во Сплит, кога видоа дека состојбата се влошува и ме испратија во Загреб. Таму веднаш ми рекоа дека морам да бидам на списокот за итна трансплантација, а на 06.06.2014 пристигна срце од Австрија“, изјави таа, пишува Индекс.




Сопругот го запознала во 2021 година. Oд него има голема поддршка.




„Мојот сопруг и јас се запознавме преку заеднички пријатели. Тоа беше љубов на прв поглед и оттогаш сме неразделни. Тој ми дава голема поддршка во животот и се грижи за моето здравје понекогаш повеќе од мене. Тој е многу горд на мене и секогаш е со мене. Тој ми беше испратен како дар од небото“, вели Марија.




Била дете без родители и била разочарана кога лекарите кажале дека е ризично да има дете. Но, нејзиниот сон се оствари.
