Пејачката Марија Шерифовиќ доби син со помош на сурогат мајка. Момчето се родило на почетокот на декември и Марија му го дала името Марио. Името Марио значи оној кој е борец за правда, мажественост, глава на семејство и човек полн со хуманост.
„Љубовта дојде. Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот. Марио е роден. Нека животот те води по најубавите патишта, синко, а јас те штитам од тага и од луѓето со мојата љубов. Ви благодариме на сите што испративте љубов и нека му биде тивко и топло се што доаѓа од вас. Ве сакам сите“, напиша Марија покрај видеото кое можете да го погледнете ТУКА.
Марија често истакнуваше како би сакала да ја исполни улогата на родител, а во последно време ја споменува и „Шерифовиќ Јуниор“. Меѓутоа, бидејќи се работи за деликатен случај, се остана во строга доверливост, а добрата вест дури денеска излезе во јавноста.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.
