Неколку маскирани лица вчера се обиделе да влезат во домот на познатиот доктор а од неодамна и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски со намера да извршат кражба, јавува Курир повикувајќи се на свои извори.
Според информациите објавени таму, во моментот во домот на Марковски била неговата сопруга и нивното малолетно дете. За среќа не била причинета никаква штета.
Случајот како што јавува Курир бил пријавен во МВР, но до овој момент за тоа не можеме да добиеме официјална потврда.
Вело Марковски е еден од ретките доктори кои од почетокот на кризата ги критикуваат мерките кои надлежните институции ги користат во борбата со пандемијата на корона вирусот.
Од неодамна тој е избран да биде член на највисокото партиско тело на опозицијата, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
